Лидерот на едно од трите крила на Алијанса за Албанците, Зијадин Села рече дека влегувањето во коалицијата Европски фронт, на чело со ДУИ на Али Ахмети не е губење на филозофијата на сега веќе покојниот лидер на ДПА, Арбен Џафери, од чија партија се формираше АА.
Тој споменал две причини зошто влегол во таква коалиција. Првата, според него, била неможноста официјално да излезе на изборите поради спорот околу печатите на партијата, а втората, рече дека неучеството на изборите би значело предавање, а тоа, според него, би ги направило сите политички противници среќни.
„Имаше само две решенија. Едно, воопшто да не учествувате на изборите, бидејќи за да учествувате на изборите мора да ги имате печатите на партијата, контекст што постои до ден-денес. Другото, во најголемите битки во однос на политичката цена и другите битки што ги водеше со македонскиот политички блок и не можев толку лесно да се откажам. Сите мои политички противници би биле среќни доколку ја постигнев таа цел“, рекол Села во интервју за косовската „Teve1“.