Села: Македонија ги угнетува културните и идентитески вредности на Власите, исто како на многу други националности

од Vladimir Zorba
385 прегледи

На денешн ден, пред 116 години, Власите беа препознаени како посебна нација во рамки на Отоманската империја. Власите има дадоа на Албанија и Македонија многу проминентни личности во политиката, уметноста, спортот и науката. Македонија ги угнетува културните и идентитески вредности на Власите, исто како на многу други националности, пишува на Твитер лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по повод 23 мај, Националниот ден на Власите.

„Време е да се придвижиме од празната реторика на „општеството за сите“ кон модерна европска држава, заснована врз правична и соодветна застапеност на заедниците, негување културни изрази и разновидност“, додава Села во својата честитка по повод празникот.

Слични содржини