Села: Македонија никој не може да ја извади од НАТО, особено не партија како „Левица“

од Vladimir Zorba
755 прегледи

НАТО е завршена работа, Македонија е негова членка и никој не може да ја извади од тој сојуз. Истото важи и за Косово. Тоа е признаена независна држава од страна на Македонија и никој тоа не може да го врати назад, особено не партија нова и мала како Левица, изјави лидерот на АА, Зијадин Села пред Собранието, додавајќи дека „новото парламентарно мнозинство е направено со цел рушење на оваа влада“.

Посочи и дека отсуството на Скендер Реџепи, кој не сака да стои на иста листа со Левица, не значи дека немаат мнозинство.

„Ние правиме се само Заев да си поднесе оставка. Ако се зборува за анти албанска и анти нато албанска партија, зошто зборуваат само за Левица која е нова и мала партија. Зошто не зборуваат за ВМРО и СДСМ“, праша Села.

Слични содржини