„Не исклучуваме можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори. Јас не велам дека Алијанса за Албанците имала заедничка активност во десните партии и сега тоа почнува да се формира во јавноста во најразлични форми. Сепак, предизборна коалиција не правиме со ниедна политичка партија, се додека има отворени етнички прашања“, вели лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села за емисијата „360 степени“.
Понатаму тој се дообјасни дека “заеднички листи за советници нема да има, но дека Централното собрание на партијата ќе одлучи за евентуална коалиција за поддршка на кандидати за градоначалници”.
„За тоа ќе оцени Централното собрание на партијата. Централното собрание на партијата е највисокиот орган. Се разбира, кога некого ќе изнесеш на трка, не можеш да му го одземеш правото тој да влезе и да направи можни коалиции, можни договори за да успее да победи. Ние нема да изнесеме на трка кандидати кои ќе изгубат, туку кандидати кои ќе победат“, потврди Села.