Села: Не може Алијанса да се обвини дека ако излезе сама на избори ѝ помага на ДУИ

од Nikola Popovski
273 прегледи

Целта на политичките дејствија на првиот човек на Алијанса, Арбен Таравари беше да се подели партијата, изјави синоќа поранешниот првиот на партијата и претседател на Централното собрание на АА, Зијадин Села.

Села во интервју за „Клан Македонија“ се пофали дека тој е најзаслужен за тоа што Таравари станал политичар.

„Но, сè додека Зијадин Села политички дише во Алијанса, нема да дозволам надворешни фактори да ја контролираат АА. Ова е суштината и главната основа на проблемот што ни се случува во партијата“, рекол тој во интервјуто.

Рече дека на локалните избори во 2017 година коалицирал со Движењето Беса за Таравари да стане градоначалник на Гостивар.

Според Села, Таравари тајно одржувал средби со лидерите на опозициските партии.

„Не може прстот да се впери во Алијанса и да се обвини дека ако излезе сама на избори дека ѝ помага на ДУИ, а коалицијата со Изет Меџити кој до вчера беше потпретседател на ДУИ да се претстави во јавноста како тенденција да се предизвика промена. Кој верува во ова. Ова се обиди за перење мозокот на луѓето“, навел Села.

Само 4 ограноци, како што вели Села, биле за коалицирање со опозицијата, додека сите останати ограноци биле на став дека АА треба да излезе сам на изборите.

Според пратеникот, коалицијата со албанската опозиција не гарантира промена.

Слични содржини