Би било неблагодарно од моја страна да се повлечам од политиката имајќи предвид дека имам поддржувачи кои стојат зад мене и зад партијата, кажа лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, пред состанокот на партиското Централното собрание.
„Јас ќе бидам активен во политиката“, напомена Села.
Тој посочи дека партијата е сплотена и дека пратениците се подготвени да ги исполнат обврските.
„Алијанса за Албанците е автономна партија и никогаш својата иднина не ја има рачунато како припојување или во прегратка со некој од македонските политички партии. Друга е работата кога треба да се седне и преговара за да се формира некое мнозинство“, кажа Села.
Алијанса за Албанците денеска во Скопје ќе го одржи партиското Централното собрание на кое ќе биде констатирана оставката на Зијадин Села.На Собранието треба да биде избран новиот в.д. претседател на Алијансата за Албанците.
Села даде оставка од претседателската функција , откако неговата партија вчера не освои ниеден советник на локалните избори за Советот на Општина Тетово. АА во минатиот состав имаше тројца советници.
Дел од албанските медиуми изминатите денови информираа дека не е само тоа причината за нејзината оставка, туку намерата да се кандидира за лидерската функција во Алијанса за Албанците.
Наводно, добро упатени извори до медиумите велат, меѓу другото, дека таа за кандидатура има поддршка и од поранешниот претседател, Зијадин Села, со цел да биде противкандидатка на актуелниот потпретседател Арбен Таравари и да го победи.
Во некои медиумите на албански јазик уште се тврди дека по прашањето дали Таравари да биде избран за претседател има многу несогласувања внатре во партијата кои се пренесени и низ разграноците, каде што попознати партиски челници ја напуштаат партијата.