Села: Некој трет кој е помоќен и од Мијалков наредил тој да се пријави во Обвинителството

377 прегледи

Во рамки на своето гостување во Клик Плус на Тв21, лидерот на Алијанса на Албанците, Зидан Села посочи дека некој посилен од Заев и Мијалков наредил тој сам да се пријави во Обвинителството.

Како што посочува тој, ова е скандалозен чин, со оглед на тоа Мијалков е контроверзна личност.

„Мијалков е човекот кој даде оставка веднаш по настаните во „Диво Насеље“. Ова е театар во режија на полицијата“, посочи Села.

Меѓудругото тој додаде и дека Мијалков е повеќе од очигледно дека избегал но се вратил согласно некаков договор.

„Сашо Мијалков го следат многу скандали и тој се уште е на слобода. Него никаде не го споменуваат ниту за 27-ми април. Тој човек е со повеќе кривични дела. И ние денес зборуваме за куќен притвор? За човек кој очигледно е дека избега и после веројатно согласно некаков договор да се врати“, истакна Села.

Слични содржини