287
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села вчера од предизборниот митинг во Боговиње ги обвини ДУИ дека присвоила се што можела.
-Од обвинители до полициски началници, но и заслугите кои ги имаат градоначалниците од опозицијата. Сепак, народот гледа, гледаат кој е на патот на праведност и просперитет, и гледаат кои се манипулаторите и со трикови ни кажуваат каков ќе биде епилогот на 17 октомври, истакнал Села и додава:
-Дали некогаш сме ве излажале? Дали ги исполнивме ветувањата што ги дадовме? Овие треба да бидат основните вредности на демократиите, и тие треба да бидат основните вредности во трката во која се појавуваме и се натпреваруваме.