Алијанса за Албанците го одржа Второто собрание на кое се констатира поднесената оставка на досегашниот претседател, Зиадин Села. На овој состанок е донесена одлука за организирање на вонредниот Конгрес кој ќе се одржи на 17 декември 2022 година, и се формира комисија за организирање на Конгресот. Пред членовите на собранието беше презентиран извештајот за последните избори за Советот на Општина Тетово, како и се донесе одлука за организирање на внатрешни избори во огранокот на Тетово.
„Денеска имавме второ собрание на Алијанса за Албанците, каде што се констатираше неотповикливата оставка на Зијадин Села. Повеќето членови на конгресот ми дадоа поддршка на Централното собрание. Донесовме долука на 17 декември оваа година да се одржи вонредниот конгрес на партијата“, рече Таравари.
Тој се надева дека Алијанса за Албанците ќе продолжи да биде надеж за повеќето Албанци во државата, за да ги донесат промените во албанскиот блок.
На прашање дали ќе поднесе кандидатура за претседател на партијата, Таравари одговори дека се уште не донел дефинитивна одлука, а сега ќе биде само вршител на должноста. Тој посочи оти кандидатури можат да поднесат сите заинтересирани членови на партијата, две недели до одржување на вонредниот конгрес.
„Би било неблагодарно од моја страна да се повлечам од политиката имајќи предвид дека имам поддржувачи кои стојат зад мене и зад партијата“, кажа лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, пред состанокот на партиското Централното собрание.
„Јас ќе бидам активен во политиката“, напомена Села.
Села минатиот месец си поднесе оставка и нагласи дека причината за оставката е поразот на партиската кандидатска листа за општинскиот Совет во Тетово нагласувајќи дека Алијанса за Албанците оствари многу лош резултат и дека нема да има учество во Советот.