Села: Ова на се личи, само на попис не

од Берта Китинска

Ако целта на пописот беше да се прикријат трагите на неуспешните политики и корумпираните политичари кои овие 20 години владееле, тоа на се личи, само на попис не личи, рече претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во Собранието.

Тој додаде дека според анализите на Светска банка, на Евростат, во последните две декади над 30 отсто од вкупно население на државата е иселено.

Села смета дека најнезаконската бројка во Пописот 2021 се 132 илјади граѓани кои, како што рече, се тука, кои немаат ниту идентитет, ниту јазик, ниту религија, само постојат како број. Соопшти дека оваа бројка е противзаконска, противуставна, не треба да стои и го повика Државниот завод за статистика да ја повлече.

Претседателот на АА рече дека граѓаните треба да знаат кој е виновен за резултатите од пописот, наведувајќи ги Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети .

-Бесцелно е да се пофалат дека постигнале нешто, се знаат актерите кои не доведоа во ваква ситуација, рече Села.

Слични содржини