Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села денеска го прокоментира разбивањето на шпионската група која соработувала со Русија од страна на бугарските власти.
Тој, како што напиша на својот фејсбук профил, е солидарен со Софија која, според него, се соочува со невидена операција за шпионирање од Русија.
„Целосно се солидаризирам со нашиот сосед, Република Бугарија, која се соочува со невидена операција за шпионирање од Русија.
Овој настан ја покажува важноста од спроведување на целосен безбедносен ветинг за земји како Република Северна Македонија, кои особено се однесуваат на злонамерни странски влијанија. Без ваков ветинг, не можеме да ја гарантираме ниту сопствената безбедност, ниту нашите сојузници како САД, ЕУ и НАТО“, сподели Села на Фејсбук.