Села тврди дека се копаат биткоини во училишта

од Nikola Popovski

Претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села има информации дека во некои училишта се копаат биткоини.

Според него, тие училишта ги раководат кадри на ДУИ.

-Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите?, рече Села во емисијата „Клик плус“.

Лидерот на АА додаде дека ќе организира прес-конференција, на која ќе излезе со конкретни имиња и подетални информации околу копањето криптовалути.

Слични содржини