Села: Владата ги ослободува од затвор терористите од „27 април“

од Nikola Popovski
133 прегледи

Претседателот на Алијансата за Албанците и пратеник во Собранието, Зијадин Села, ги коментираше изјавите на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој предупреди дека ќе се поведат постапки против оние кои некогаш биле неприкосновени.

Села вели дека е убеден оти ниту уценуваат ниту се откажуваат од мисијата на Европскиот фронт, да се заштити гласот на албанскиот граѓанин.

„За ваквата состојба предупредив уште во кампањата кога Мицкоски парадираше со своите слуги пред изборите со типот Таравари и другите што се дел од таа коалиција наречена ВЛЕН. Кажав дека ако Мицкоски го најде местото каде што ќе го изрази својот легитимитет, тогаш ќе треба да ни каже која е територијата на која Албанците ќе го изразат својот легитимитет“, рекол вчера Села, во пресрет на централното претседателство на неговата партија кое се одржа во Гостивар.

Побарал од актуелната власт да одговори зошто криминалците од настаните на 27-ми април во 2017 година, денес се дома, а не во затвор.

„Тие сакаат да го вратат 27 април, ги ослободуваат криминалците кои се осудени за тероризам и насилство врз државните институции… Поставете го ова прашање како се чувствуваат Таравари и Снопче кога човекот што го облекоа со власт, ги ослободува криминалците од 27 април“, изјавил Села.

Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи осуден за настаните од „27 април“, е пуштен од затвор. Станува збор за прекин од еден месец кој е поткрепен со медицинска документација, кој овој прекин го побарал од  директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов. Покрај него, на привремена слобода се и Јане Ченто, Александар Јаневски Тошта, Оливер Поповски и Митко Пешов од затворот во Штип, поради документација дека се со акутен здравствен проблем.

Слични содржини