Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на прес-конференција изјави дека врз основа на сигурни извори, Владата преку финансиско условување на компанијата Бехтел и Енка, се обидува да ги пренасочи и запре работите поврзани со Коридорот 8.
-И на овој начин, да се исклучи, како што правеше секој пат во овие 20 години, да се исклучат инфраструктурни проекти низ целиот Полог, да се исклучи поврзувањето на Тетово и Гостивар со Кичево и Струга, исто како во случајот со изградбата на автопатот Кичево-Охрид каде што беше пренасочен сегментот од Коридорот 8. На ист начин, сега нашите информации велат дека Владата се обидува да ги запре работите што се започнати околу Коридорот 8 и да ги продолжи работите во правец на сегментот Охрид-Битола и Битола-Прилеп со цел директно поврзување со Коридорот 10Д, изјави Села.
Тој додал дека постојат јасни тенденции да се заобиколи и да се остави неизграден Коридорот 8, со што на некој начин се отвора „патот уште подалеку кон српскиот свет и преку овој директен пристап до Русија преку Западен Балкан“.
Села апелираше до Амбасадата на САД и други дипломати од земјите на ЕУ да алармираат и да видат што се прави со Коридорот 8.
-Се работи за изолација на одредени општини кои што имаат мнозинство различно од македонското како Струга, Тетово, Гостивар. Ние како АА го осудуваме и повикуваме меѓународниот фактор да спречи такви намери, кажа лидерот на Алијансата за Албанците.