За Алијансата за Албанците нема смисла ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Нормално дека ним местото им е тука во Собранието, но тие најдоа за причина да се спротистават на интересите на најмалку една третина од граѓаните. Блокирањето на законот за јазици е за казнување од целата јавност и мислам дека треба да прекинат со вакви политики, рече лидерот на оваа партија, Зијадин Села.

Тој им порача да ги тргнат рацете од ваквиот политички однос бидејќи единствената цел им е политички да поентирaат.
– Запозаен сум дека кога ДУИ водеше преговори со ВМРО-ДПМНЕ, ист ваков закон беше подготвен да се донесе. Исто така, за нас не е прифатлива дефиницијата „јазикот кој го зборува најмалку 20 отсто“. Тоа не е во ред. Кога се прават преговори за името, со право Македонците не прифаќаат да се удира во идентитетот, но исто така никој нема право да удира по нашиот јазик и да смислува дефиниции кои се неприфатливи бидејќи албанскиот јазик се вика албански јазик и нема потреба да се дефинира со проценти итн – рече Села.
Тој рече дека Алијансата ќе продолжи да се залага за тоа албанскиот јазик да стане официјален службен јазик како македонскиот./Plusinfo