Села во сабота ќе бара одговорност од Таравари, обвини за „контрабанди“ и порача дека Алијанса не се продава

од Nikola Popovski
360 прегледи

Поранешниот лидер и актуелен претседател на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва на вонредна прес-конференција порача дека некој сака да ја „контрабандира партијата за потребите за некои чинители“.

-Јас како претседател на Централното собрание изјавувам дека за следната сабота ја свикувам седницата, според тоа што ми го налага статусот. Нема никаква понуда во моментов. АА не се продава и не е на пазар. Ние го имаме последниот збор во партијата, а тоа е дека одиме сами на избори. Тој е став од 99% од членовите на Централното собрание. Не дозволуваме „контрабанди“ на ставот на партијата преку објави на Фејсбук. Во сабота ќе се одлучи за одговорност на претседателот на партијата, како највисок орган кој решава меѓу два конгреси. Го повикувам (Таравари) да дојде на тоа Собрание, кажа Села пред присутните членови на партијата и новинарите.

Села информира дека на предлогот на Таравари се противат и генсекот на партијата, организацискиот секретар, претседателката на Унијата за жените во АА, пратениците од редовите на партијата и поголемиот дел од ограноците на партијата.

Таравари вчера преку својот официјален Фејсбук профил, предложи неговата партија да оди заедно со здружената албанската опозиција на претстојните парламентарни и претседателски избори.

Слични содржини