Села за Телма: Ова е пресметка со неистомисленици

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Во телефонска изјава за Телма струшкиот градоначалник Зијадин Села за кого МВР денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена должност, вели дека за ова дознал од медиумите и дека се работи за политичка пресметка на власта со неистомисленици.sela(10)

Села тврди дека се бори против урбаната мафија во Струга и се залага за ставање ред во општината, поради што секојдневно трпел закани. Тој вели дека неодамна во СВР Охрид пријавил дека на домашна адреса добил писмо со смртни закани, но досега не било преземено ништо во врска со тоа од надлежните.