Села за законот што го менува Балансерот: Нема транспарентност, нема правда

од Nikola Popovski
66 прегледи

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села кој воедно е и дел од коалицијата Европски фронт, обвини за недостаток на транспарентност во постапката за одобрување на Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во Владата. Села вели дека дури и по одобрувањето од страна на извршната власт, законот не е објавен никаде за граѓаните да го видат, а ќе биде испратен до Венецијанската комисија.

„Ништо друго не е направено, освен што злоупотребата на Балансерот е регулирана со закон. Член 6 од овој предлог-закон вели дека секој граѓанин има право да ја изјасни својата етничка припадност во кое било време, како што сака. Изјави како оваа дека ова прашање ќе се регулира со лична карта се клише и голема лага“, рече Села меѓу другото.

Владата го усвои Предлог-законот за правична застапеност. Тој има цел да создаде јавна администрација која ќе биде сервис на сите граѓани, администрација заснована на знаење и квалитет, рече вчера премиерот.

Законот за правична застапеност ќе оди прво пред Венециската комисија, а потоа во Собрание пред пратениците, кога ќе се интервенира и со подзаконски акти. Надлежните тврдат дека по укинувањето на балансерот, вработувањата ќе бидат врз база на компетентност, квалитет и професионалност.

Слични содржини