Сељами: Зошто Македонците ги повикуваат останатите Македонци да не се попишат?

од Nikola Popovski
432 прегледи

„Што е лошо во тоа да повикувате граѓани да го почитуваат законот? Јас не се чудам зошто Албанците повикуваат да се попишуваат Албанците, туку се чудам зошто Македонците повикуваат да не се попишуваат Македонците? Што е целта, што е намерата“, изјавил заменик-директорот на ДЗС, Иљми Сељами во интервју на РСЕ.

Тој додава дека ова треба да биде едноставен процес, кој не треба да се политизира.

„Ние им се обраќаме на граѓаните, им тропаме на врата, граѓаните ни отвораат врата, ни даваат податоци, ние завршуваме со пописот и тоа е тоа. Постигнат е ефектот, пописот е направен. Со ова сакам да кажам дека политичките агенди за жал на Балканот никогаш не престанувале, не престануваат и нема никогаш да престанат“, вели Сељами.

Слични содржини