Селективни снимки, неприфатени докази: Кој ја крије вистината за Вања, прашува Александар Ѓорчевски

од Љубиша Владимиров
243 прегледи

Александар Ѓорчевски, татко на трагично убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, денеска изрази своја длабока загриженост пред судот, обвинувајќи го Обвинителството за неуспех во истрагата. Тој откри дека уште при првиот исказ побарал да биде подложен на тестирање со детектор на лаги, со цел да се докаже неговата интенција да ја соопшти вистината.

„Децидно ќе покаже дали ја говорам вистината“, нагласи Ѓорчевски, објаснувајќи дека неговата иницијатива била одбиена со образложение дека во таа фаза не е дозволена употребата на полиграф.

На расправата, Ѓорчевски нагласи и потребата за дополнителна истрага, предлагајќи Обвинителството да ги прегледа сите камери од системот „Безбеден град“ за да се утврдат сите детали поврзани со исчезнувањето на неговата ќерка. Тој посочи дека некои од видеоснимките се користат селективно, без целосен контекст, и праша:

„Зошто не ја продолживте снимката уште 10 секунди, каде се гледа како веднаш се враќам назад?“

Ѓорчевски со оваа изјава продолжува да бара правдата за својата ќерка, надавајќи се дека ќе се открие вистината за нејзиното исчезнување и смрт.

Слични содржини