Селекторот на Полска поднесе оставка по конфликтот со Левандовски

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Селекторот на Полска, Михал Пробиерж, поднесе оставка по расправијата со најголемата ѕвезда на тимот, Роберт Левандовски, кој го уценуваше со тоа што не играше за репрезентацијата.

Левандовски одби повик во репрезентацијата за квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Финска, наведувајќи го заморот како причина.

На Пробиерж ова не му се допадна, па ја одзеде капитенската лента на ѕвездата на Барселона и го назначи Пјотр Зиелински за нов капитен на репрезентацијата.

Левандовски потоа јавно објави дека повеќе нема да игра за репрезентацијата додека Пробиерж е селектор. Претседателот на Полската фудбалска асоцијација, Чезари Кулеша, вчера изјави дека го поддржува селекторот, а денес асоцијацијата објави дека Пробиерж поднел оставка.

„Дојдов до заклучок дека ова е најдоброто нешто за националниот тим“, рече Пробиерж, кој ја предводи Полска од 2023 година.

Тоа значи дека во полскиот состав, повторно ќе можеме да сметаме на 37-годишниот рекордер по број на настапи (158) и најдобар стрелец во историјата на националниот тим (85) во септември.

Слични содржини