Ламин Јамал веќе е еден од најдобрите играчи во светот, но иако беше подискретен во ремито меѓу Шпанија и Холандија (2:2) во Лигата на нации, не недостигаа пофалби за неговиот однос кон тимот.
Луис де ла Фуенте го смени Јамал во 66. минута кога тимот губеше со 1:2 и на негово место влезе Микел Ојарзабал. Одлука која, како што рече, младиот играч на Барселона не ја прифатил лошо.
„Ламин е фантастично момче и одлично разбира кога треба да биде заменет и кога друг колега треба да игра на негово место. Тоа е само уште една фаза во неговиот развој како фудбалер. Ова е тимот, што би помислиле Дани Олмо, Микел Мерино, Микел Ојарзабал и другите играчи?“, изјави тој
Една од тие резерви – Мерино,постигна гол за израмнување, а на крајот Де ла Фуенте гарантираше дека замената не му направи проблеми на тимот.
„Тоа е нормална ситуација на која и се придава поголемо значење однадвор отколку одвнатре.“, додаде селекторот.
И покрај тоа што има 17 години, Јамал веќе има 18 настапи за „Ла Роха“ и беше клучен играч за освојување на Европското првенство во 2024 година. Неговата цел сега ќе биде да ја одведе Шпанија во полуфиналето на Лигата на нации – реваншот против Холандија се игра во недела во Валенсија.