Актуелно
Почетна / Спорт / Селекторот Тодоров: Имаме проблеми на плејмејкерската позиција

Селекторот Тодоров: Имаме проблеми на плејмејкерската позиција

Нашата најдобра машка селекција утре во 20:15 во А1 арената при Спортскиот центар Борис Трајковски ќе го одигра првиот натпревар во рамки на евроквалификацискиот циклус.

Прв противник ни е Естонија, познат должник, а потоа нашиот тим ќе замине за Русија.

„Влегуваме во последните неколку часа пред првиот натпревар. Она што можам да го истакнам како промена од тогаш е дека одработивме еден циклус, осум тренинга и еден пријателкси натпревар. Нешто што особено ме прави задоволен е што сме комплетирани веќе одамна така што успеавме да ги поставиме работите кко што треба, да го организираме тоа што сакаме да биде наш стил на игра. Од тој аспект сум задоволен. Имавме мали проблеми, особено по ријателскиот натпревар со Гостивар, некаква вироза која оддалечи некои кошаркари од тренажен процес. Имаме некои ситни повреди, но нашиот медицински штаб тврди дека ќе бидат подготовени и за нашиот вечерен тренинг“ – потенцира Тодоров.

Имавме неколку заедно, можеби не беа премногу, но сепак доволно. Задоволен сум и од тактики и од физички план. Наше е сега да се бориме на сите натпревари и да го оствариме тоа за кое ќе се договориме однапред. Максимално борбена игра за да го постигнеме посакуваниот резултат“ – додаде репрезентативецот Бојан Крстевски.

Билетарата пред А1 арената ќе се отвори напладне. Еден билет чини 100 денари, а сите средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

loading...