Селена Гомез го најави автобиографскиот филм „My Mind and Me“ во кој ќе бидат вклучени сите убави и тешки моменти во животот.
Она што многумина ги интересираше, а што ќе се најде во филмот е нејзината борба со депресија и анксиозност, како и борбата со автоимуната болест од која боледува, а тоа е лупус.
Селена го сподели почетниот кадар на филмот на својот Инстаграм профил.
Во соопштението за медиуми подетално стои:
„По години поминати во центарот на вниманието, Селена Гомез постигнува незамислива слава. Но, токму кога достигнува ново високо ниво, неочекуван пресврт ја повлекува во темнината. Овој уникатно суров и интимен документарец го доловува нејзиното шестгодишно патување во ново светло“, се вели во соопштението.
Филмот, чија премиера е закажана за 4 ноември, го режираше Алек Кешишијан, кој претходно го режираше музичкиот документарен филм на Мадона од 1991 година.