СЕЛЕНА ГОМЕЗ ЗА ПРВПАТ ГИ ПОКАЖА ЛУЗНИТЕ ПО ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БУБРЕГОТ, проговори за тешкиот период (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Актерката и пејачка Селена Гомез објави фотографија на Инстаграм во едноделен костим за капење, на која се виде лузната од операцијата за трансплантација на бубрег.

Селена се сликаше во дворот на својата куќа, а со оваа фотографија напиша неколку реченици за самодовербата што ја има сега.

„Се сеќавам дека ми беше многу тешко да ја покажам лузната што се формираше по трансплантацијата на бубрег. Не сакав да се гледа на фотографиите, па затоа носев работи што ќе ја покријат. Сега сум, повеќе од кога било, толку уверена и горда сум на неа и сè што сум поминала “, истакна пејачката.

Да потсетиме, таа беше оперирана во 2017 година поради автоимуно заболување лупус, а близок пријател потоа и донираше нов бубрег.

Слични содржини