Организаторите на Изборот за песна на Евровизија се надеваат дека ќе ја пречекаат пејачката и поранешна победничка Селин Дион како специјална гостинка на финалето во Базел во мај. Портпаролот потврди дека разговорите се воделе, но ништо не е конечно – најмногу поради тековната битка на славната пејачка со сериозна невролошка состојба, синдром на вкочанета личност.
Канадската ѕвезда (56) со години страда од болни грчеви во мускулите и одлуките за секој потенцијален настап се носат во последен момент. И покрај нејзината болест, Дион присуствуваше на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз минатата година, нејзин прв настап од 2019 година. Таа, исто така, излезе на сцената во Саудиска Арабија во ноември.
Во 1988 година, како претставник на Канада, Дион победи на натпреварувањето за Швајцарија со песната Ne Partez Pas Sans Moi, победа што и помогна на нејзината глобална кариера.
Оваа година Швајцарија ќе ја претставува 24-годишната Зое Ме. Швајцарската пејачка, која помина неколку години во Германија, е позната по двојазичната поп музика, пеејќи на француски и германски јазик. Нејзината натпреварувачка песна ќе биде објавена на 10 март.
Најголемото музичко натпреварување во светот со повеќе од 150 милиони гледачи ќе се одржи од 10 до 17 мај во Базел.