Селмани: Да се прифати предлогот на Ван Хауте за медиумите

од Vladimir Zorba
96 прегледи

 Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за медиумските реформи, така како што е претставен во медиумите, е несериозен. Тој не ги ослободува медиумите од стегите на политиката, туку ја озаконува контролата на партиите врз МРТ.насер

Политичките партии потписници на договорот од Пржино без одлагање треба да го прифатат предлогот за медиумски реформи на посредникот Питер Ван Хауте, кој во најголем дел ги опфаќа сугестиите на новинарите, медиумите и експертската јавност. Воедно неговиот предлог одговара на сите критики на извештајот на Европската комисија за 2015 година во делот за медиумите. Предлогот на Ван Хауте е системско решение кое обезбедува услови за професионални и слободни медиуми. Ниедна партија вклучена во разговорите ја нема експертизата на Ван Хауте да изготви решенија согласно најдобрите европски практики.

Накратко да потсетам што предлага Ван Хауте – расветлување на случаеите на насилство против новинари, департизација и деполитизација на МРТ и Агенцијата за медиуми, што значи стабилен извор на финансирање и исклучување на влијанието на политичките партии во Програмскиот сосвет на МРТ и Советот на Агенцијата за медиуми.

За финансирање на приватните медиуми, Ван Хауте предлага забрана на владините реклами, кои досега служеа како политичка пропаганда на владата платена со парите на граѓаните. Кампањи од јавен интерес, под јасни критериуми, може да се објават бесплатно во МРТ.

Освен ова, Ван Хауте предлага и укинување на обврската на приватните медиумите за домашна продукција на документарна и играна програма. Приватните медиуми се комерцијални компании, кои сами треба да ја креираат програмата, а не државата да им наметне непотребни обврски.

 

(Статус на Фејсбук на Насер Селмани)