Селмани: Добивме ветувања за влез во НАТО и ЕУ ако го решиме спорот со Грција, и со право може да им го „плескаме“ во лице

од Берта Китинска
362 прегледи

Аналитичарот Имер Селмани вечерва од студиото на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ ги коментираше спорот со Грција.

„Добивавме ветувања од ЕУ, да го решиме проблемот со Грција, и веднаш ќе бидеме во НАТО и ЕУ. И како ние да се однесуваме? Ние не сме тие кои овој момент им го плескаме во лице, а можеме со право да им го плескаме. Ние не сме лошите, ние сме добрите момци, освен што водиме добра политика, можеме да водиме подобра политика внатре во државата, да се фокусираме на реформите, на економијата, на внатрешните односи“, рече Селмани вечерва на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21.

Слични содржини