392
„Премиерот Зоран Заев избрза само после 2-3 дена откако помина гласањето доверба на Владата во Собранието, понудувајќи широка коалиција“, смета поранешниот вицепремиер и министер за здравство, Имер Селмани за емисијата „Топ тема“.
Тој вели изворот на неговата понуда навидум лежи во самата основа и желба на премиерот да има помирување во базата, која што тој ја нарече „едно општество за сите“.
„За жал, тој слоган не наоѓа соодветна почва во нашите балкански услови. Желбата за такво општество ја кажа во смисла да им понуди, да проба да има договор со опозицијата на повисоко ниво“, рече Селмани.