Политичкиот аналитичар и поранешен министер за здравство Имер Селмани вели дека не е изненаден од тоа што се случува на политичката сцена во Бугарија и дека тоа е под влијание на други сили.
-Не само одредени центри на моќ со руско или проруско влијание се против интеграција на регионот во НАТО, туку и во сите јавни анкети, за жал еден добар дел од населението ги одобруваат негаторските политики на бугарските влади. Едноставно се фаворизираат националистичките партии со националистички ставови кои што не даваат простор за решавање на спорот. Никој од нас не го сфаќа и не го разбира тој спор. Спорот со Грција беше името на државата, географската одредница, античката историја, и знаевме и живеевме додека не го решивме со саможртвување и со Преспанскиот договор. Со Бугарија имате стотици разни барање, кои што се прошируваат и наградуваат. Затоа не би поставил високи очекувања. Ние реформите, стандардот, со нашето менување, не ги правиме за Бугарија, туку за себе, рече Селмани во емисијата „Клик плус“.