Селмани: Не е од стратешки интерес да отвориме нов фронт со Бугарија

од Nikola Popovski
135 прегледи

Политичкиот аналитичар и поранешен министер Имер Селмани порачува дека не е од стратешки интерес за нашата држава да отвори нов фронт со Бугарија.

-Не е од интерес ниту на Бугарија да отвори непостоечка тема или фронт за негација на нашата држава. Секогаш ќе има поединци што ќе сакаат да профитираат, меѓутоа треба да ни биде јасно дека како соседи сме членки на НАТО и споделуваме исти вредности за нашите идни стратешки цели. Ние сме на патот кон ЕУ и немаме различни стратешки определби со Бугарија. Злоупотребата на поединци во Македонија, злоупотребата на инциденти од типот во Охрид, секогаш ќе се најдат такви, но ценам дека нашата Влада успеа мирно и максимално воздржано да не одговори на провокациите. Добро е што не се разгоре таа ситуација, вели Селмани во емисијата „24 анализа“.

Селмани оценува дека не смееме да паднеме на емотивни чувства и прашања и да одговараме како држава на дневна основа.

-Немаше причини за повлекување на бугарскиот амбасадор во Софија според сите дипломатски протоколи, но гледаме дека тој денес се врати. Сме биле во право како Влада за начинот и формата на реагирање и гледаме дека денешната посета на бугарскиот министер за внатрешни работи е во цел на спречување на националистите од другата страна да направат провокација, додаде аналитичарот.

Слични содржини