Селмани: Не треба да чекаме донации на вакцини, време е да се направи потегот на Вучиќ и Рама

од Берта Китинска
264 прегледи

Поранешниот политичар, Имер Селмани во емисијата „Вин Вин“, вели дека потребна е поголема храброст од страна на  државата и дека  време е  директно со производителите да ги започне преговорите за снабдување на вакцини против ковид 19.

-Потрошени се стотици милиони евра во предходните економски мерки, имунизацијата не може да не чини толку . Затоа не треба да се прави пресметкиа за овие две работи. Бидејќи ако се затворат работни места, дуќани ќе имаме пад на економијата, а вакцините се директна и најбитна работа во пандемијата. Овде треба да се постави прашањето дали денеска со пари може да ги купите вакцините. Во моментов може да забележиме дека светот и не е толку солидарен.Ние не сме чекална  за да чекаме донации и некои договори кои беа ветени и се уште не се реализирани. Време е да се направи потегот како Вучиќ и Рама кои пред Нова година отидоа лично во Фајзер сега веќе преговараат и со Кина.Ние да не чекаме некоја донација туку храбро да превземеме чекори и со производителите директно да се преговара.Нашата држава има пари за вакцини. Вакцинацијата е од животно значење, вели Селмани.

Слични содржини