220
Според поранешниот министер Имер Селмани, таканаречената „Огнена група“ може да предизвика дестабилизација во Владата.
-„Огнената група“ е група со луѓе кои имаат тежина во ДУИ. Се работи за двајца градоначалници, а тоа се Блерим Беџети од Сарај и Висар Ганиу од Чаир. Изет Меџити и Мерита Коџаџику пратеници, и сите овие заедно имаат голем број на гласови. Ова може да биде сериозен удар за ДУИ, но не само за ДУИ, може да ја дестабилизира цела Влада, што не е добро во ова време кога се соочуваме со сериозни кризи“, вели Имер Селмани во „Click Plus“.