Додека партиите зад затворени врати ја кројат судбината на медиумите, се огласи претседателот на ЗНМ, кој на Фејсбук статус алармираше дека медиумите кои ја поддржуваат власта прават пропаганда и манипулации, а со тоа може да ја збунат јавноста за предлозите кои предвидуваат реформи во медиумите:
-Медиумите што денеска известуваа дека предлогот на СДСМ за реформи во медиумите е ист со предлозите на посредникот Питер Ван Хауте, ја излажаа и брутално ја манипулираа македонската јавност.
Има суштински разлики меѓу двата предлога. Ваквите брутални спинови се прават со цел да го дискредитираат предлогот на Ван Хауте, ама верувајте во тоа нема да успеете, затоа што зад него стојат силно гаранторите на договорот од Прижино, амбасадорите Бејли и Орав.
Знам дека не ви е лесно, мора да одработуваат за власта, ама сепак мора да имате малку повеќе почитување кон професијата од која го заработувате лебот. Со објавувањето на вакви безобразни лаги, ги изневерувате и вашите ценети читатели и гледачи, пишува Селмани
