Селмани: Шилегов стекна голема доверба кај Албанците со именување на покојниот Малиќи за заменик градоначалник

од Берта Китинска

Поранешниот градоначалник и политички аналитичар Имер Селмани вели дека актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов во 2017 година добил поддршка од албанското гласачко тело, од Општина Сарај, Чаир, Бутел, Шуто Оризари како никогаш дотогаш еден градоначалник што добил од независноста па наваму.

„Господинот Шилегов ги оправда сите свои четири години со тоа што доби таква голема поддршка во 2017 година. Тој може е скромен, но јас само ќе потсетам на неколку факти. Фактот дека го именува, веднаш после неговиот избор, сега покојниот Енвер Малиќи за Албанците и за сите тие гласачи беше не мала работа“, додава Селмани на тв 21.

Слични содржини