Селмани: Ветото не треба да не обесхрабри, ние не возвраќаме на начинот на кој Бугарија не нападна

од Берта Китинска
232 прегледи

-Нешто што треба да се спомене секако за овие три ипол години е нашето членство во НАТО е нешто што во минатото сонувавме и мечтаевме за среќа оваа влада успеа да го изменаџира и да го реши спорот со Грција и да не внесе во НАТО Алијансата тоа не треба да се заборави ниту потцени бидејќи една од главните стратешки цел од нашето осамостојување беше ова членствовели Имер Селмани во Тв Анализа на „ТВ 24“, по дадениот отчет од 100 дена влада.

-Ветото не треба да не обесхрабри, не треба да им возвраќаме со иста мера, видовме како таквиот однос како не однесе од 2008 година во прва фаза имавме патриотизам па национализам па не можев ме да го скротиме, вели Селмани.

Во однос на изјавата на премиерот Заев дека ветото на Бугарија не е по наша вина , Селмани  вели дека е направено и повеќе од очекуваното од страна на владата.

Селмани рече дека не треба сега да се обесхрабриме заради ветото и смета дека агресивните и неумерени изјави на официјалните лица на Бугарија се исклучиво за нивната внатрешна употреба и заради нивните парламентарни избори.

-Нашата држава со Бугарија потпиша Договор и нормално било кој лидер не очекува да не блокира и да не очекуваме вето.Ние 2017 потпишавме Договор, а членството полноправно го постигнавме оваа година , Бугарија тогаш немаше никакви забелешки тогаш како сега.За нас како граѓани е навистина голем изненадување. Бугарија не покажа претензии дека има дополнително барање од тоа што е напишано. За мој вкус повеќе направиме како министерот и премиерот и опозицијата да не го разгоруваме пламенот и говорот на омраза. Им честитам на владата и опозицијата што не возвратија на начинот на кој Бугарија не нападна започна, вели Селмани.