Селмани: Заев беше доста убедлив се сомневам дека ќе ја повлече оставката

од Берта Китинска

Поранешниот министер Имер Селмани во емисијата 24 анализа потенцираше дека се сомнева дека Заев ќе ја повлече оставката.

-Она што не очекува и кон она што сме свртени во моментов е што ќе се случи со оставката на  премиерот од партиската функција , како и премиерската  каде сите партнери од Владата кои денеска излегоа и кажаа дека  оваа одлука  е избрзана и дека парламентарното мнозинство  е кревко, но стабилно треба да продолжи да функционира. Заев беше доста убедлив и се сомневам дека ќе ја повлече оставката, ако тоа се случи не би било во најмала рака политички умешно е д а се даде и повлече оставката. Не очекуваат бурни денвои на политичката сцена, вели Селмани.

Слични содржини