432
Заев ќе остави длабок белег во нашата држава ќе се памети по храброста и одлучноста да се решат одредени прашања, вели Имер Селмани поранешен пратеник и политички аналитичар во Утрински Брифинг.
-Се разбира дека ќе му се фактурира нему како заслуга решението на спорот со Грција и влезот во НАТО, ти се највисоките дострели.Меѓуетничките односи успеа да ги сведе во една константа.И последните прашања кои беа отворени со Рамковниот договор да се сметаат дека се затворени, тој успеа со неговата храброст и компромис да го затвори.Ќе биде забележа и со своите пропусти како избрзаните изјави и гафови, но ќе биде забележан и како прв претседател на партија којшто имаше храброст да даде оставка две години пред истекот на мандатот, кажа Селмани.