Поранешниот министер за здравство и аналитичар, Имер Селмани смета дека времето не работи во полза на изнаоѓање прифатливо европско решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија.
-Секако дека ова што се случува во Бугарија, се потврди дека актуелната влада нема поддршка во Парламентот. Се согласуваме сите дека во вакви околности, не треба да подигнеме очекување дека и да имаме вразумен француски предлог, сето тоа може да вроди со плод за да дојдеме до прифатливо решение. Згора на тоа што се шпекулира без да се видат на хартија тие предлози, дали бугарските барања ќе влезат во преговарачката рамка со ЕУ. Знаат Французите, дека доколку предлогот е таков, не може да помине кај нас. Барањата на Бугарија се неаргументирани и ЕУ не може да ги разбере. Единствено што може е отворањето на Уставот и внесувањето на Бугарите. Тоа е можеби нешто прифатливо, но со прашалник. Свесни сме и искусни во овој долг пат што го трчаме. Мораме да имаме гаранции дека тоа би било последно бугарско прашање. Ако ЕУ влезе како гарант, треба да го гарантира нашиот пат, но и да немаме понатаму други изненадувања, вели Селмани во емисијата „24 анализа“.