45
И покрај интензивната потрага, повозрасно лице од село Степанци, Општина Штип, и натаму се води како исчезнато. Регионалниот Центар за управување со кризи – Штип потврди дека потрагата е во тек и не попушта.
Случајот бил пријавен преку бројот за итни повици 112, откако семејството загрижено реагирало на неговото отсуство. Последен пат, лицето било видено на 5 април, сабота, но од тогаш – ниту трага, ниту глас.
Во потрагата се вклучени МВР-Штип, Општина Штип, како и неколку локални здруженија и доброволци од околните села. Надлежните апелираат до граѓаните – секоја информација, колку и да изгледа незначајна, може да биде клучна.
Теренот е тежок, а времето не оди во прилог. Но надежта – останува.