Селото Луковица со денови е отсечено од светот: „Не е исчистен патот и не може да се комуницира“

од Берта Китинска
242 прегледи

Жителите од селото Луковица алармираат дека поради високата снежна покривка речиси е невозможно да се оди или да се замине од нивното село на планината Сува Гора во рамки на Општина Желино.

Тие се жалат дека општината го нема исчистено снегот од патот во должина од 5,5 километри од селото до месноста Крстец. Според нив снегот е исчитсен на патниот правец Групчин-Седларево, а кракот од месноста Крстец до Луковица е оставен.

-Во вторникот во село Луковица има паднато снег над 60 сантиметри. До ден денес патот не е исчистен, не е прооден. Горе има жители, над 35 души. Се обративме до Општина Желино со ветување дека ќе го исчистат патот. Дополнително не иритира што Групчин-Седларево е исчистен патот, а нашиот крак од 5,5 километри не е. Не можам да стапам во контакт ниту со директорот на ЈКП ниту со градоначалникот. Се јавив во Центар за управување со кризи, да видиме што ќе биде. Не е исчистен патот и не може да се комуницира. Горе не постои и нема продавница, мора да одат во Групчин. Има само едно теренско возило кое може да слезе со ланци на сите четири тркала. Мислам дека сега не е 70-тите години да нема машини. Сега машини има на секој чекор, не е некоја голема пара, но се зависи од нив, изјави Миле Сибиновски од месната заедница и Здружението на жители на Луковица.

Слични содржини