Селтик повторно е шампион на Шкотска

од Vladimir Zorba

Тимот на Селтик ја освои титулата во Шкотска пред време. Ова се случи по ремито 1:1 на гостувањето кај Данди Јунајтед во натпревар од шампионскиот плеј-оф во локалната Премиер лига.

„Детелините“ први постигнаа гол преку Џорџ Јакумакис во 53. минута, но дозволија израмнување во 72. кога Дилан Левит погоди за Данди Јунајтед.

И покрај ремито, Селтик собра 90 бодови и на едно коло пред крајот на сезоната има водство од 4 пред Глазгов Ренџерс, кој со 4:1 славеше над Рос Каунти.

Така Селтик ја зацврсти својата доминација на домашната сцена, откако веќе има десет титули во последните 11 сезони.

Вкупно во историјата трофејот е број 52.

Слични содржини