Селтикс ги задржа „воините“ за 10-та победа по ред

од Aleksandar Petrovski
228 прегледи

Екипата на Бостон Селтикс го совлада Голден Стејт Вориорс со 105-100 во дуел од регуларниот дел на НБА.

„Воините“ го започнаа натпреварот подобро од противникот и рано направија 15 поени разлика во првата четвртина, што беше намалена на девет по крајот на воведните 12 минути. Постепено, лидерот во Источната конференција се созеде и ги ограничи пулените на Стив Кер на 19 поени во втората четвртина за да поведе со еден на паузата – 52:51. Потоа, Селтикс ја задржаа својата предност, спречувајќи ги храбрите млади „воини“ да го свртат мечот.

https://www.youtube.com/watch?v=6Eq0BwTAN7c

Џејсон Тејтум со 24 поени беше најефикасен, додека Џејсон Браун и Кемба Вокер додадоа 22 и 20, соодветно.

Алекс Буркс заврши со 20 поени за домаќините, додека Дрејмонд Грин, кој се врати по повредата заврши со 11 поени и 11 скока, но нивните напори се покажаа како крајно недоволни за трикратниот шампион во НБА.

Селтикс се поздрави за десеттиот последователен успех во лигата, додека за „воините“ тоа беше шести последователен пораз.

Останати резултати:

Шарлот Хорнетс – Детроит Пистонс 109: 106
Орландо Меџик – Сан Антонио Спарс 111: 109
Хјустон Рокетс – Индијана Пејсерс 111: 102
Мемфис Гризлис – Јута џез 107: 106
Минесота Тимбервулвс – Вашингтон Визардс 116: 137
Оклахома Сити Тандер – Филаделфија 76-ерс 127:119 по продолжение
Л.А Лејкерс – Сакраменто Кингс 99:97.

Слични содржини