Селтикси се квалификуваa за плејофот во НБА

од Vladimir Zorba

Бостон си обезбеди и официјално учество во плејофот откако ја порази Минесота како гостин. Така, Селтикс станаа втор тим на Источната конференција кој обезбеди учество во фазата на елиминации по лидерот во Торонто.

Кајри Ирвинг постигна 23 поени за победниците, заедно со 7 скока и 8 асистенции. Уште 20 поени за успех постигнаа Ал Хордфорд, додека за домаќините од Минесота, многу силен меч одигра Србинот Немања Бјелица со 30 поени и 12 скока.

Мечот помеѓу Бостон и Минесота, исто така, ќе биде запаметен од силниот пад на бекот на „келтите“, Џелен Браун.

Тој ја заби топката во кошот на противникот, но не можеше да се задржи и падна на главата. За среќа, медицинскиот тим на Селтикс увери дека неговата состојба е добра и кошаркарот не доби сериозни повреди.

Резултати од НБА:

Шарлот – Бруклин 111: 125
Мајами – Филаделфија 108: 99
Минесота – Бостон 109: 118
Оклахома – Феникс 115: 87
Голден Стејт – Сан Антонио 110: 117.

Слични содржини