Многу светски ѕвезди споделија како ги минуваат деновите во самоизолација. Некои си наоѓаат забава, па им покажуваат на фановите дека може и тие да издржат.
На пример, семејството Кардашијан секој ден се снима како јаваат коњи на нивниот имот, Марта Стјуарт купува луксузни апарати за кујна и покажува што се можете да зготвите додека сте дома, под услов да ги имате сите тие намирници.
Но, на обичните луѓе им дојде преку глава кога Сем Смит објави дека е на раб на нервен слом и се расплака, а потоа и ги објави сликите на Инстаграм. Фановите веднаш го прогласија за победник во категоријата „бесчувствителност“.
Неговите следбеници му порачаа да порасне и да сфати дека луѓе живеат во мали станови, а тој ја има својата вила, која е проценета дека вреди 12 милиони долари.
https://www.instagram.com/p/B960OubA8Xa/?utm_source=ig_embed