Во услови кога надлежните институции препорачуваат ограничено движење на децата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со препорака до родителите да бидат активни, креативни и да го исполнат времето на децата со едукативни активности и едукативни содржини.
Оваа е време кога можете и треба да поработите заедно со децата и да ги научите како треба да се однесуваат со цел да бидат безбедни во сообраќајот. Во таа насока потенцираме дека сообраќајната едукација на децата никогаш не е доволна и никогаш не е досадна. Согласно тоа РСБСП препорачува да се користи веб страната за деца https://semaforko.mk/ каде што децата на креативен и забавен начин може да научат многу нешта за патниот сообраќај.
Поточно, на веб страната ќе најдете:
· совети за децата за безбедно учество во сообраќајот
· боенки со мотиви од сообраќајот
· сообраќајно едукативна литература за деца
· едукативни видео спотови за деца
· тест за проверка на знаењето од областа на сообраќајот
· корисни совети за родителите
· други креативни содржини
Време е да се обноват знаењата во сообраќајот. Безбедни учесници во сообраќајот уште од најрана возраст.
semaforko.mk
#УЧИМЕСООБРАЌАЈ