Португалскиот фудбалер Рубен Семедо повторно се соочува со сериозни обвинувања.
Според извештаите, Семедо бил уапсен во саботата вечерта во Лисабон поради семејно насилство врз неговата партнерка. Инцидентот се случил во нивниот заеднички дом, каде, како што се наведува, фудбалерот физички ја нападнал жената и ја држел против нејзина волја.
Оштетената успеала да побегне и случајот веднаш го пријавила во полиција. По пријавата, полицијата потврдила дека жената има видливи повреди, и била пренесена во болница на понатамошно лекување.
Рубен Семедо не е непознат за органите на прогонот. Во 2018 година тој помина повеќе од четири месеци во затвор за киднапирање, додека во 2021 и 2022 година беше уапсен во Грција под обвинение за силување и семејно насилство.
Овие последни наводи дополнително ја комплицираат неговата ситуација.
Во моментов игра за катарскиот клуб Ал-Хор, па Семедо би можел да остане без пасош, што би го оневозможило враќањето во Доха. Засега тој јавно не проговорил за овие обвинувања.
Ова не е прв пат името на Рубен Семедо да се поврзува со инциденти надвор од теренот, но ваквите случаи фрлаат сериозна сенка на неговата фудбалска кариера.