Рубен Семедо, фудбалерот на Олимпијакос, беше уапсен бидејќи е обвинет за силување, пренесуваат грчките медиуми.
Во претходните недели, Семедо беше поврзан со трансфер на Островот и тимот на Вулверхемптон, но ситуацијата сега е влошена.
Наводно силувал 17-годишна девојка, па во вторник треба да се појави пред јавниот обвинител.
Според грчкиот весник, малолетничката и рекла на полицијата дека таа се сретнала со Семедо во бар во неделата, и дека тој и дал пијачка и ја однел во својата куќа каде ја силувал.
Тоа доведе до апсење на Семедо и последователни правни процедури. Потсетуваме, Семедо е во Олимпијакос од летото 2019 година, кога премина за четири и пол милиони евра.
Пред тимот во Атина, тој играше и за Рио Аве, Виљареал, Хуеска, Спортинг, Ројс Депортиу и Виторија Сетубал.