Семејна драма во Тетово: Жена била тепана од сопругот, МВР не интевенирало затоа што бил позитивен на Ковид-19

од Nikola Popovski
400 прегледи

Тетовската полиција не влегла да интервенира во семејна куќа во градот по пријава за семејно насилство од жена, која била тепана од сопругот пред двете малолетни деца, затоа што насилникот бил позитивен на Ковид-19 и со развиени симптоми, а полицајците немале заштитна опрема, пишува СДК.

Последниот напад бил синоќа, но жената подолго време била држена во страв од насилниот сопруг, била тепана, силувана, демнета и оставана без приходи.

„На 17.11.2020 година, 33-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила поплака против нејзиниот 40-годишен сопруг, кој во алкохолизирана состојба се расправал со неа и неговата мајка и одбивал да замине во самоизолација во нивната куќа во тетовско село, како што тие му предлагале, а дента добил резултат дека е позитивен на ковид-19. Веднаш е воспоставен телефонски контакт со пријавениот и тој бил предупреден. На 4.11.2020 година 33-годишната тетовка во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот сопруг претходниот ден, неа и на децата им се заканувал по животот и дека подолго време психички и физички ја малтретирал, но таа, според пријавеното, не го пријавувала во полиција. Случајот се уште се работи и ќе следува соодветен поднесок. Што се однесува до тоа, дали СВР Тетово располага со потребната заштитна опрема за преземање на мерки во случаи во кои се инволвирани лица, позитивни на ковид-19, СВР Тетово располага со ваква опрема и истата полициските службеници ја употребуваат според направена проценка“, соопштуваат од МВР.

Слични содржини