Семејниот буџет и кошница поскапени за повеќе од 1000 денари: На едно семејство сега му се потребни 550 евра за живот

423 прегледи

На едно четиричлено смеејство му се потребни околу 550 евра, за достоинствено да живее во текот на еден месец.

Ова се пресметки на ССМ, според кои минималната кошница во ноември имала изност од 33.742 денари, или 4.000 денари повеќе од две минимални плати, односно 6 илјади повеќе од една просечна плата.

Како најголем трошок несомнено е исхраната. Па така за ноември потребите едно семејство да се прехрани чинеле 14.149 денари, што пак речиси е колку една минимална плата, односно 42% од месечните трошоци.

32% се препишуваат на домувањето. Имено, тука се комуналните трошоци кои чнат 8.500 денари, а за оддржување минимумот е 2.260 денари. За лична хигиена се издвоени 2.400 денари за превоз и облека 2.161 денар, за култура речиси 1000 денари, а здравјето чини 716 денари.

Споредбено со минатата година, овие трошоци се зголемени за повеќе од 1000 денари. ССМ според пресметките говорат дека лани на четиричлено семејство му биле потребни 32.726 денари.

 

Слични содржини